| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално

цеи

-Земјите членки на ЕУ да не дозволат бегалската криза да се решава парцијално и на товар на одредени држави- порача претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на денешната седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно ­ европската иницијатива (ЦЕИ).

Како што истакна Вељаноски, солидарноста е принцип врз кој се темели денешна Европа и не смее да се заборави дека мирот и безбедноста се неделливи категории.

­ -Ако се почитуваат овие принципи од секоја земја одделно, но и на ниво на Европа ќе можеме успешно да се справиме со овие проблеми и предизвици- нагласи Вељаноски.

Тој уште еднаш предочи дека Македонија од страна на ЕУ доби многу мала помош и средства за справување со бегалската криза.

– И на последниот состанок во Брисел беше истакнато дека на Македонија мора да и се помогне пред се материјално, за да продолжи успешно да се носи со бегалската криза- рече претседателот на Собранието. Вељаноски се осврна и на трагичните настани во Париз кои, посочи, заедно со бегалската криза моментно се најголемите предизвици со кои се соочува Европа.

– ­ Само преку регионална соработка на повисоко институционално ниво можеме да ги решаваме проблемите- повторни Вељаноски.

На седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно ­ европската иницијатива (ЦЕИ) ќе се обратат и заменик­генералниот секретар на иницијативата Ерик Церновиц, помошник­ генералниот секретар Марго Лофлер, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Ермира Мехмети… Тема на седницата, покрај миграциската криза како глобален проблем и предизвик, ќе биде и меѓусебната поврзаност во ЕУ со посебен акцент на регионот. Во овој дел се очекува говорници да бидат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анка Јонеску. Претседателката на Парламентарната димензија на ЦЕИ Јулија Силјановска која ја отвори седницата потсети дека Македонија по 13 години повторно претседава со Иницијативата чии приоритетни цели се интеграција на сите земји од Западен Балкан во ЕУ и развој на енергетската и транспортната инфраструктура, посебно Коридорите 8 и 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top