| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари и Пипа Мидлтон во тајна врска?

hari i pipa 1

Американските таблоиди пишуваат дека принцот Хари и Пипа Мидлтон се во тајна врска, а наводно тие двајца имале мала авантура во 2011 година, на кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

И двајцата неодамна ги прекинале врските, па не е ни чудно што се нашле на мета.

Хари и Пипа веќе некое време се на мета на британските трач рубрики кои се обидуваат да ги спојат, а сега излегле и нови детали кои откриваат дека тие двајца се во тајна врска. Британскиот „ОК!“ пишува дека Хари ја завел Пипа на романтична вечера со свеќи и со песните на Адел.

Пипа неодамна ја прекина врската со своето момче Ник Џексон, додека Хари го спојуваа со Кресика Бонас.

Кралското семејство ништо не коментирало околу овие гласини, но нивните обожаватели сепак се надеваат дека во овој трач има и малку вистина.

 

Prince Harry And Pippa Middleton Look-a-likes Stage A Walkabout In Soho To Promote Alison Jackson's New Book 'EXPOSED?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top