Магла низ котлините, но релативно слаба, може да се очекува во четврток наутро, но истата ќе биде и релативно краткотрајна. На повисоките места, пред се во источниот регион наутро и претпладне ќе биде релативно сончево. Во текот на денот постепено ќе се зголемува облачноста, па во попладневните часови речиси насекаде низ земјава ќе имаме облачно време, објави Метеопро.мк.
Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Минималната температура нема многу да се разликува во однос на среда, но затоа ќе има осетен пад на температурата, пред се на повисоките места.
Дијапазонот на вредности на максималната температура ќе биде од 4°С до 7°С, односно до 10°С во гевгелискиот регион. На повисоките места само до 3°С.
Во скопскaтa котлина наутро очекуваме сосема слаба магла, потоа следи наоблачување. Минимална температура околу 1°С, а максимална до 5°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.