Заврши десетчасовната операција на грчката полиција за отстранување на мигрантите, кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија, јавија грчките медиуми.
Најмалку 2.300 странци, првенствено од Пакистан, Сомалија, Мароко, Алжир и Бангладеш, превезени се со 45 автобуси до Атина. Акцијата, во која учествуваа 350 полицајци, помина без инциденти, а повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.