Деца честопати знаат да не послушаат и да излезат од дома без дозвола или да ги забораваат мобилните телефони дома. Доколку го имате Kaspersky Safe Kids, ќе можете да лоцирате каде се наоѓа вашето дете и мобилниот телефон.
Еве како функционира опцијата Kaspersky Safe Kids на Kaspersky Internet Security
1. Деца како деца, честопати знаат да не ве послушаат и да излезат од дома и без ваша дозвола или да ги забораваат мобилните телефони дома. Доколку го иматеKaspersky Safe Kids, ќе можете да лоцирате каде се наоѓа вашето дете и мобилниот телефон.
За да започнете да го користите одете на порталот My Kaspersky и означете ја опцијата “Control location” за мобилниот телефон на вашето дете.
2. Сега ќе се поштедите себеси од дополнителни нервози и паника кога детето ќе задоцни дома од училиште, затоа што ќе знаете точно каде се наоѓа. Само кликнете на линкот Where is my child? под името на вашето дете на порталот My Kaspersky и ќе ја видите неговата локација на мапата.
3. Доколку сакате да се осигурате дека детето ќе остане таму каде што сте се договориле, било да е тоа дома, на училиште или кај некој/а другар/ка, можете да добивате известувања секогаш кога тоа ќе го напушти периметарот кој сте го одобриле на страницата за ограничувања. Уште во истиот момент ќе дознаете дека вашето дете се оддалечило.
4. Да речеме, детето од понеделник до петок треба да биде на училиште од 8 часот наутро до 13 часот. Означете ја зоната околу училиштето со проширување, стеснување или придвижување на кругот на мапата. Потоа внесете ги деновите од седмицата и времетраењето. Можете дури и да го прилагодувате временскиот интервал за различни денови од седмицата кога распоредот на часови варира.
5. За крај притиснете ‘Finalize’ и можете да почнете со следењето!
Повеќе информации за Kaspersky Safe Kids можете да најдете на страницата за Kaspersky Lab Knowledge Base.
Извор: www.inovativnost.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.