| четврток, 6 декември 2018 |

Режисерот Горан Радовановиќ и главниот актер во филмот „Енклава“ Филип Шубариќ во Скопје

Премиерата на српскиот филм „Енклава“, чиј режисер е Горан Радовановиќ, во Скопје е закажана на 18 декември во киното „Синеплекс“, од каде што најавуваат дека на премиерата ќе присустува режисерот Радовановиќ и главниот актер во филмот, Филип Шубариќ.

46afc194-066a-4df5-975e-4248df841948

„Енклава“, драма која го следи животот на Србите што продолжиле да живеат во Косово по војната, е избран за српски кандидат за Оскар, во категоријата најдобар странски филм.

Главната тема на филмот е животот на Србите во малите изолирани заедници – енклави на Косово и на Метохија. Овие заедници се единствени од тој вид во Европа, а припадниците на полициите на ОН и ЕУ се неопходни за да се зачуваат овие територии. Присилени на живот без слобода, ограничени во мал простор, Србите што останаа да живеат на Косово и на Метохија егзистираат во многу тешки и гетоизирани услови.

Главните улоги, освен Небојша Глоговац, Аница Добра, Ненад Јездиќ и Миодраг Кривокапиќ, ги толкуваат и четири деца од Косово и од Метохија.

Низ призмата на растење на децата во специфични услови по погромот од март 2004 г., преку нивниот однос и драмата што ја преживуваат, лесно можат да се увидат и да се почувствуваат основните идеи на филмот. Покајувањето, простувањето и љубовта впечатливо се препознаваат и се чувствуваат во пораките на „Енклава“. Ова филмско дело преку децата ни раскажува за суштината на животот и за тоа кои се единствените правилни начини на решавање на проблемите и судирите.

Премиерата на филмот „Енклава“ е помогната од страна на Културниот центар на Србите „Спона“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top