| четврток, 6 декември 2018 |

Куп на конфедерации: Браво им одбрани три пенали на Португалците и му обезбеди финале на Чиле

Репрезентацијата на Чиле е прв финалист на Купот на Конфедерации, кој е предвесник на Светското првенство наредната година, откако во денешното полуфинале со 3-0 по изведувањето на пеналите ја совлада Португалија. Херој на натпреварот беше Клаудио Браво, кој не дозволи да биде совладан од белата точка и ги одбрани сите три удари на Португалците.

– Ние сме возбудени поради постигнатиот резултат и поради играта која ја одигравме на денешниот натпревар. Среќата на крајот беше на наша страна, иако мислам дека заслуживме до победата да стигнеме и во регуларниот дел од натпреварот. Но, не треба премногу да славиме бидејќи сè уште немаме ништо освоено, изјави чилеанскиот голман.

Јужноамериканскиот шампион својот противник ќе го дознае утре кога се среќаваат репрезентациите на Германија и Mексико во второто полуфинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top