Кога ќе седнеме во автомобилот и го стартуваме често, не размислувајќи, ја вклучуваме климата и тргнуваме кон нашите обврски. Ваквата рутина претставува сериозен здравствен ризик.
Работата е во тоа што кога автомобилот го оставаме надвор секогаш му се затворени прозорците. Но и кога автомобилот ќе го оставиме во ладовина за еден ден во него може да се собере 400-800 мг бензол, токсин што предизвикува рак.
Ако сте паркирале автомобил на сонце, на температура поголема од 16 степени, нивото на бензол достигнува 2.000 – 4.000 мг, што е 40 пати повеќе од дозволеното ниво.
Седнувајќи во автомобил во кој прозорците биле затворени, луѓето почнуваат да го вдишуваат бензолот не знаејќи дека овој токсин влијае врз бубрезите, коскеното ткиво и црниот дроб. Освен тоа, тој многу бавно и лошо се елиминира од организмот.
Во прирачник за користење на автомобилите се наведува дека пред да се вклучи климата-уредот треба неколку минути да се отворат прозорите, а причинат не е појаснета, само постои навестување дека тоа е поради подобрување на перформансите на автомобилот.
Медицинско образложување
Резултатите на истражување покажуваат дека пред да почне да се лади воздухот клима-уредот го исфрла загреаниот воздух надвор, а со него и бензол, токсин кој предизвикува рак.
Поради тоа, седнувајќи во автомобил дури и ако не чувствувате мирис на загреана пластика, отворете ги прозорците неколку минути, а дури потоа вклучете ја климата. Не затворајте ги прозорите уште неколку минути, додека работи автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.