Судот во Ниш го осуди триесет и шестгодишниот Милован Мишиќ од Белоиња на 37 години затвор поради убиство и силување на 82 годишна жена. Убиецот бил претходно амнестираниот со законот за амнестија што властите во Србија го донеле во 2012 година.
Убиството го извршил за време на обид за грабеж, откако прво упаднал во куќата на старицата. Мишиќ најпрво ја претепал жената, а откако ја обљубил, ја задавил со раце. Во обидот да го прикрие злосторството ги запалил сите четири рингли и рерната на шпоретот, но за негова несреќа не избувнал пожар, а на лице место останеле доста докази кои го откриле, меѓу кои и употребен кондом.
Мишиќ бил меѓу 3.600 осуденици кои на 17 ноември 2012 година биле ослободени или добиле намалени казни откако српското собрание го усвоил законот за амнестија. Неговата казна од 13 години била намалена за четвртина. Убиецот во тој момент имал отслужено 11 години затвор за друго убиство, по што бил пуштен на слобода веднаш по објавувањето на законот. Според евиденцијата, бројот на повратници во Србија изнесува преку 70 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа