Претпладне по котлините ќе биде магливо и тивко со ниска облачност, а попладне ќе има делумно расчистување. На повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура ќе се движи во местата со магла од 0 до 8, а на повисоките места и на планините од 9 до 14 степени.
Во Скопје, ќе имаме магливо време, околу пладне ќе има извесно расејување на маглата, а кон крајот на денот ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
В четврток и петок ќе има зголемување на облачноста и ќе дува умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините. За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена облачност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.