| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан положи цвеќе пред споменикот на бранителите

Јохан Тарчуловски попладнево во придружба на премиерот Никола Груевски и високи владини претставници положи цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Дочек на Јохан на плоштад Македонија (7)
Потоа се упати кон централната бина на Градскиот плоштад каде се очекува да има обраќање, поминувајќи  под Портата Македонија. Во тој момент, симболично, над Портата прелетаа два воени хеликоптера.
На бината беше пречекан со изведба на песната „Добредојде“ од неговата сопруга Соња Тарчуловска, како и со „Тешкото“.
Пред споменикот на бранителите по Тарчуловски цвеќе положија и припадници на МВР, како и претставници на Здружението на загинатите во конфликтот „Херои на Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top