Во прашање е некој од Србија!
Борис Триван, кој е познат српски колумнист, обелодени на Фејсбук голема “вистина“.
Имено, инспириран од приказните дека светските ѕвезди Ким Кардашијан и Бијонсе ја копираат српската поп дива Јелена Карлеуша, Борис реши да се пошегува.
Триван изнесе докази дека Светлана Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ и Јелена Карлеуша всушност со години наназад, го копираат неговoто куче, џек расел териер, Радивоје.
„Од ден на ден има се повеќе докази дека Радивоје е неправедно избегнуван и ремолчуван лидер – трендсетер!ПРАВДА ЗА РАДИВОЈЕ!“,напишал Борис на социјалната мрежа.
Фотографиите кои ги споделил на Фејсбук имаат неколку стотици лајкови, а колумнистот уште еднаш успеа да ги насмее своите фанови.
Уверете се и сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.