Иако осум години е во брак со турската ѕвезда Мустафа Сандал, пејачката Емина Јаховиќ дури сега го добила државјанството на таа земја. Како што изјавила, сега тие документи ќе и го олеснат животот во Истанбул.
-Сега имам двојно државјанство бидејќи не сакав да се откажам од српското. Како Србинка во Истанбул не можев да уживам во бенифициите кои ги имаат државјаните на Турција. Пресреќна сум што конечно ќе имам поголеми можности, но пред се документите ми се важни поради децата и сопругот – изјавила Емина за медиумите и додала дека Мустафа е горд на нејзиното потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.