| четврток, 6 декември 2018 |

Документарниот филм „Засолниште“ на „Македокс“ утре во МКЦ

Во период кога миграциската криза ги полни насловните страници на печатените и електронските медиуми ширум светот, „Македокс“ во рамките на партнерскиот проект „Докувизија“ на 9 декември (среда), со почеток во 20 часот, во Џепното кино на МКЦ, ќе го прикаже документарниот филм „Засолниште“ (The Shelter) на швајцарскиот документарист Фернанд Мелгар.
Мотивиран од миграциите и лажното гостопримство на Европа, филмот зборува за социјалните тегоби во современите општества и човечката резигнираност како одговор на истите.
Филмот истовремено ќе биде прикажан во Загреб, Љубљана, Белград, Призрен, Подгорица и во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top