31.464 лица на кои им се изготвени решенија за присилна наплата на радиодифузна такса се најдоа на листата што Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави јавно на нивната интернет страница. Сите кои се на списокот мора најдоцна до 16 декември решението да го подигнат во Регионалната дирекција на УЈП.
Списокот ќе биде објавен и во Службен весник, со што ќе се смета дека е извршена уредна достава на решенијата за присилна наплата.
„По објавата во ‘Службен весник на РМ’ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса“, стои во образложението на објавата од УЈП.
Оттаму информираат и дека ако обврзникот плаќал сметки од времето кога добил опомена до јавното објавување на листата, потребно е кога ќе оди да го прими решението, за извршената уплата да достави доказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство