| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски за лидерството на СДСМ: Губитници, нереални и ситни души

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски жестоко распали по раководството на опозицијата преку пост на својот ФБ профил. Неговиот став за опозицијата е дека ја водат губитници, замаглени глави, нереални, нерелевантни и ситни души.

ivor statusСпоред Мицковски, опозицијата форсирала интелектуални гета и секти, неспособни да произведат, ниту пак замислат поинаква културна, политичка и општествена парадигма.

-На пат сме да го воскреснеме режимот, и покрај идеалните услови за негов крај. Историјата ќе покаже како ситни души и замаглени глави одбраа погрешни патишта, но малку што вреди историјата на губитниците, пишува Мицковски.

Ivor-Mickovski-int91-740x320-topМицковски додава дека гледа преголеми заблуди кај оние кои се замислуваат дека се некаква прогресивна сила во општеството, а всушност се самоизолирани и веќе препознаени како нереални и нерелеватни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top