– Турција го прекина распоредувањето на свои сили во северниот дел на Ирак, но нема да ги повлече оние кои веќе се наоѓаат таму- изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Тој во синоќешниот телефонски разговор со својот ирачки колега Ибрахим ал Џафари нагласил дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Ирак, но присуството на турските воени сили во Мосул има за цел да помогне во борбата на Ирак против Исламска држава (ИД). Според турското МНР, обуката на сунитските ирачки сили ќе продолжи во координација со официјален Багдад. Ирак претходно побара Турција да ги повлече своите сили, кои се распоредени во база во близина на градот Мосул, кој се наоѓа под контрола на џихадистите од ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.