| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар игра дерби дуел во СЕХА против ППД Загрeб: Да се повтори играта од мечот со Колдинг

vardar pres

Вардар ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите за 2015 година, откако во саботата го демлираше составот на Колдинг. Сепак пред да замине на зимска пауза на клупски план, „црвено-црниот“ состав ќе одигра уште четири натпревари во регионалната СЕХА лига. Прв во низата е дербито против уште еден евролигашки состав, екипата на ППД Загреб во Скопје што се игра в четврток (17.45), по што следуваат две гостувања, кај Војводина и Татран, па на 17 декември е последниот меч дома со Спартак Војпут.
Тренерот Раул Гонзалес сака да се реваншира за поразот во првиот натпревар од Загреб на гостински терен од 30-25, и затоа со сите расположливи сили ќе се обиде да стигне до победата.

– Ако сакаме да играме на Ф4 турнирот мораме да победиме. Сега сме на трето место и со победа би биле второпласирани. Ќе треба да играме добро во одбрана како на дуелот со Колдинг. Загреб ма доста добри млади играчи, но и некоолку искусни. Ќе мораме да ги користиме шансите, зашто Загреб знае многу брзо да казнува во контранапади. Карачиќ нема да игра, има повреда на колено, а другите играчи ќе бидат истите што беа и против Колдинг. Можеби и Ангелов ќе игра, но играчите остануваат исти – изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Капитенот на екипата, македонскиот репрезентативец Филип Лазаров, истакна дека сите ракометари што ќе настапат на овој дерби дуел се подготвени да ги одработат замислите на тренерот за да се дојде до уште една победа, која ќе значи и искачување на табелата на второто место кое води директно на завршниот турнир оваа сезона.

– Го дочекуваме натпреварот во добра атмосфера по Колдинг, и ни доаѓа реномран противник што е големо име на Балканот. На тренерска позција е Вујовиќ кој беше во Вардар, и играчи како Добривоје Марковиќ и Велко Маркоски кои играле тука. Се очекува добар натпревар, што е добар предизвик за нашите навивачи да дојдат да го следат натпреварот, вели Филип Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top