Во соработка со Сингапурската бизнис федерација министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски денес ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија пред 40-тина водечки компании од Сингапур, пренесува МРТ.
Станува збор претежно за фирми од четири таргетирани сектори: производство, финансии, логистика со транспорт, туризам и недвижности.
Сингапурската бизнис федерација е оформена со одлука на Парламентот и во неа членуваат повеќе од 21.500 компании кои што имаат почетен капитал поголем од половина милион сингапурски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.