| четврток, 6 декември 2018 |

Што не треба да јадете за појадок?

Иако постојат многу намирници со кои успешно можете да се одбраните од уморот, постојат и такви кои дополнително ќе ве исцрпат. Погледнете кои намирници би било најдобро да се одбегнуваат за појадок.

bio_banani-290108

БАНАНИ

Бананите се богати со магнезиум кој ги опушта мускулите- одлични се ако се консумираат пред пиење, но не и за појадок или ужина.

БЕЛ ЛЕБ

Јаглехидратите кои влегуваат во составот на белиот леб, многу брзо се разградуваат и трошат, па затоа најдобрата опција е да се јаде интегрален леб.

ЦРВЕНО МЕСО

Мастите од црвеното месо тешко се разградуваат во организмот, па телото ќе потроши многу повеќе енергија за варење на овие намирници.

ВИШНИ

Богати се со мелатонин кој го регулира процесот на спиење, па би било најдобро да се одбегнуваат кога сакате да бидете будни.

КОЛАЧИЊА

Големата количина шеќер поттикнува лачење на триптофан, аминокиселини од кои ќе ви се приспие.

КАФЕ

Иако на телото ќе му даде енергија за многу кратко време, ќе се чувствувате многу уморно кога неговото дејство ќе престане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top