Секој оној кој со своето однесување ќе му оневозможи на народот да реши на кого ќе му ја даде довербата, кој ќе се обиде да му го одземе врвното демократско право на народот да решава на избори, без разлика дали тоа ќе го направи со сопственото бегање од избори, што веќе за жал е извесна и очигледна варијанта и стратегија на нашите политички конкуренти, или на било кој друг начин ќе се труди да нема избори, прави непринципелно и неетичко дело кое е на ранг на навреда на народот. На тој начин, со ова однесување политичкиот конкурент покажува недоверба во своите капацитети и отсуство на соодветна грижа за националните и државни интереси на Република Македонија.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање на Академијата по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски и додаде:
„Избори мора да има, и избори ќе има. Ова е наша земја и наша земја ќе остане. Народот ќе решава и народот мора да решава. Нема друго и нема бегање“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер