Турција може да се откаже од системот „сè вклучено“, пренесуваат агенциите.
– Ние треба да запреме да нудиме пакети, чиишто цени вклучуваат сè – рече министерот за култура и за туризам, Махир Унал.
Според него, алтернативата на старата шема треба да биде развојот на авантуристичкиот и на семејниот туризам.
Министерот, исто така, рече дека неговата земја ќе учествува на саемот за туризам во Москва во март 2016 година.
Поради соборувањето на руски „Су-24“, на 24 ноември 2015 година, туристите од Русија масовно ги напуштија поморските летувалишта и почнаа да откажуваат резервации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.