| четврток, 6 декември 2018 |

Уште деветмина заразени од свински грип

Институтот за јавно здравје потврди присуство на вирус на грип од типот А (H1N1) уште кај девет пациенти што беа сомнителни.

– Веќе неколку пати е споменато од Светската здравствената организација дека веќе зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемичен грип – вели Јованка Костовска, раководителката на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје вели дека кај шест од новите дет случаи, станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2). Кај еден случај кој многу доцна дошол на Инфективната клиника е потврдено само инфлуенца А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top