| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Дримкол“ – различен пристап кон презентацијата на фолклорот во Македонија

На големата сцена на МНТ во Скопје, синоќа настапија 95 уметници, членови на фолклорниот ансамбал, патувачкиот театар, пејачката група и големиот народен оркестар на КУД „Дримкол“ од Вевчани.

132930844

На програмата беа застапени фолклорни сценски обработки од Вевчани, Охрид, Битола и од Егејските делови на Македонија.

Концерт на „Дримкол“ понуди еден различен пристап кон презентацијата на фолклорот во Македонија, сосема различен концепт во конструкцијата на програмата, а сето тоа, во рамки на изворната традиција и култура.

–  Особено ми е драго за синоќешното наше гостување во МНТ. Навистина е радост кога гледаш дека на луѓето многу им се допаѓа тоа што го работиме, а уште подраго ми е кога ќе успееме да ја задоволиме нашата публика – вевчанската и македонската. Дримкол има секогаш сериозен однос  кон својата држава и надвор од границите, барем тоа сме го докажале многупати, но, подеднакво и внатре, па, токму оттука во нашата годишна програма предвидуваме концерти низ републиката. Фолклорот е идентитет, историја, култура, затоа сметам дека голема е одговорноста на секој што се занимава со фолклор, нен смееме да дозволиме да се подигруваме со нашите национални, традиционални духовни вредности, изјави Тоше Чочороски, претседател на „Дримкол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top