Говорот на телото игра многу голема улога во вашите односи со луѓето околу вас и може да влијае на правецот на тоа да им се допаднете или не, на луѓето со кои разговарате.
Еве пет докажани начини како да предизвикате симпатии со помош на говорот на телото:
1. Бидете насмеани
Не се насмевнувајте веднаш кога се поздравувате со некого, туку насмевнете се, откако сте оствариле контакт со очи. Така човекот спроти вас ќе почувствува дека насмевката е само за него и ќе се чувствува специјален.
2. Контакт со очи
Одржувајте контакт со очи и не го вретете погледот од соговорникот, се додека разговорот не заврши. На овој начин ќе покажете интерес за темите кои ги дискутирате. Никој не сака да чувствува недостаток на интерес кај човекот со кого разговара, за каков би можело да се смета недостатокот на контакт со очи.
3. Свртете се кон соговорникот
Друг начин да покажете внимание кон вашиот соговорник е да го свртите своето тело кон него. Тоа покажува дека го сметате за важен и тој нема да се чувствуваат изоставен во никој случај.
4. Не мрдајте
Не поместувајте ја често позицијата на рацете или нозете. Не пикајте ги раце во џебовите, не ги вкрстувајте и не се потпирајте. Така ќе изгледате како сигурен за соговорникот.
5. Замислете си дека зборувате со стар пријател
Популарна техника за да го натерате вашето тело да се опушти и да се држи по природно е да си замислите дека комуницирате со стар пријател. Вашиот пријателски тон, сигурно ќе остави добар впечаток на вашиот соговорник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.