| четврток, 6 декември 2018 |

Сузана Манчиќ доаѓа во Скопје – ќе држи предавања за изгледот на жената

suzana mancic

Колку ни е приоритетен изгледот – на оваа тема во Скопје ќе говори познатата водителка Сузана Манчиќ. Ќе биде дел од регионалната конференција „Профемина 2015“, која првпат се организира во Македонија, во организација на македонското списание „Убавина и здравје“. Конференцијата е закажана за 15 декември во Управната зграда на Скопски саем.

Тема на конференцијата е „Женското прашање во фокусот“, а во рамките на шесте панели и четирите студии (case study) ќе се дискутира на многу, главно, женски теми. Ќе почне со темата „Со превенција до здравје“, на која ќе дискутираат професионалци од оваа област. Колку предрасудите ни го кројат животот, колку изгледот стана приоритет, како растат нашите деца, се само уште некои од темите што ќе бидат обработени на годинешната конференција.

На конференцијата ќе учествуваат голем број професионалци од областа на медиумите, маркетингот, рекламите, комуникациите, уметност, универзитетски професори и влијателни луѓе од целиот регион. Меѓу учесниците се и водителката Марјана Станојкоска, поп-пејачката Елена Ристеска, Ребека, Живкица, Милена Антовска, Ана Зафирова, Цаци Паковска, креаторката Ивана Кнез…

Повеќе во Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top