| четврток, 6 декември 2018 |

Kотлините со магла, повисоките места со сонце

magla

Утрово во долините и котлините има појава на магла и ниска облачност. Кон повисоките места е сончево со слаб претежно северен ветер.

Магла има долж Повардарието, во долниот тек на Брегалница, во Пелагонија, и во pреспанскиот регион. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најниска температура од ­ 6 степени е измерена во Берово, ­5 во Крива Паланка, ­2 Маврово, Тетово, Прилеп, Виница, ­1 Гевгелија, Битола, нула во Куманово, Лазарополе, Претор, температура од 1 степен во Скопје, 2 Кавадарци, Охрид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 6 Крушево.

Во текот на следнава работната недела, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи стабилно и суво со релативно високи днвни температури на воздухот. Во утринските и претпладневните часови во котлините и речните долини, особено во централните делови ќе има ниска облачност и појава на магла и таму преку денот температурата нема многу да се покачува. Кон крајот на работнава недела ќе следи спуштање на температурите, но и понатаму ќе се задржи стабилно и суво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top