Американската алпска скијачка Линѕи Вон оствари неверојатен резултат во канадскиот скијачки центар Лејк Луис.
Таа со денешната победа во супервелеслалом го комплетираше перфектниот викенд од три победи на истотолку трки.
По победите во спуст во петокот и саботата, денеска Вон на импресивен начин победи и во втората брзинска дисциплина со огрмна предност од една секунда и 32 стотинки пред второпласираната Австријката Тамара Типлер, а третопласирана беше нејзината сонародничка Корнелија Хитер, која беше само три стотинки побавна од Типлер.
Ова беше четврти хет-трик во кариерата со три победи за еден викенд. Тоа успеа да го оствари три пати токму во Лејк Луис, претходно во 2011 и 2012 година и во австрискиот Хаус им Енштал во јануари 2010 година.
По третата победа во оваа сезона, Вон ја држи челната позиција во генералниот пласман од Светскиот куп со 300 бода, односно со десет повеќе од сонародничката Микаела Шифрин. Светскиот куп следниот викенд се сели во шведскиот скијачки центар, Оре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Линѕи Вон: Федерер е скромен шампион, тој е инспирација за сите спортисти