| четврток, 6 декември 2018 |

„Викиликс“: Ердоган лично наредил да се собори рускиот Су-24

„Викиликс“ на својот Твитер-профил соопшти, повикувајќи се на турскиот инсајдер Фуат Авни, дека турскиот претседател Таип Ердоган лично ја дал наредбата да се соборуваат руски авиони кои извршуваат борбени операции во Сирија, тврдејќи дека тие влегле на турска територија, пренесува „Взгљад“.

erdogan-parliament

Турција, истакнува „Викиликс“, веќе собори беспилотно летало со тврдење дека е руско. Исто така, според нивните податоци, тие реализираат операции против сириските Курди кои се борат против Иламската држава. Сега Ердоган се обидува да ги мобилизира своите избирачи со тоа што ја стави земјата на работ на војна. Турците се патриоти, истакнува „Викиликс“, и заканата од војна за нив е гласен повик на единство и поддршка за владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top