| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач на Валенсија починал кога неговиот тим го израмнил резултатот

valensija

Навивач починал синоќа за време на дербито од 14-то коло на Ла Лига меѓу Валенсија и Барселона што се играше на „Месталја“.
Имено, Валенсија со гол на Санти Мина во 86-та минута дојде до израмнување на резултатот против Барселона, а едно 43-годишно лице доживеало срцев напад од преголема возбуда. Веднаш откако било јасно дека навивачот има срцев напад, пристигнал медицински тим, но за жал не успеале да го спасат.
Валенсија преку официјално сооптение на својата веб страна изрази сочуство и жалење за загубата на својот фан.
„Жалиме за загубата на еден од нашите навивачи. Упатуваме искрено сочувство и на располагање сме за семејството на починатиот“, се вели во соопштението од Валенсија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top