Агенцијата за катастар на недвижностиги информира граѓаните и професионалните корисници дека утре и задутре електронскиот шалтер и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност – Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања и да издаваат податоци.
– Следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти,ќе се зголеми безбедноста на податоцитеиќе се подобри брзинатана решавањето на предметите и издавањето на податоците,стои во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД