| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Платини може да биде спасен од една белешка на УЕФА

Mišel-Platini

Мишел Платини, кој треба да биде сослушан од етичката комисија на ФИФА меѓу 16 и 18 декември, по што ризикува доживотна суспензија од светската фудбалска федерација, поради контроверзната исплата во февруари 2011 на 1,8 милиони евра на име хонорари како советник на Жосеп Блатер, може да биде спасен од една белешка на УЕФА, јавува дописникот на МИА од Париз.

Парискиот неделник „Журнал ди диманш“, дојде до еден документ од 23 страници. Според еден од адвокатите на Мишел Платини, „овој доказ може да покаже дека договорот меѓу Мишел Платини со ФИФА немал таен акарактер, и дека бројни лица во УЕФА и ФИФА знаеле за тоа од 1998 година“.  Оваа белешка, била напишана за подготвувањето на извршниот комитет на УЕФА од 12 ноември 1998 година, со што се докажува дека извршното биро на УЕФА, од кои тројца членови на ФИФА, ја знаеле платата на Мишел Платини.  „Се зборува за плата од еден милион швајцарски франци“ стои во белешката насловена „«Key issue :улогата на Мишел Платини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top