Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот еврејски празник Ханука упати честитка до претседателот на еврејската заедница Берта Романо – Николиќ и до сите припадници на еврејската заедница.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и мое лично име упатувам искрени и срдечни честитки до сите припадници на Еврејската заедница по повод денот на светлината – Ханука. Посакувам овој ден, согласно Вашата традиција, да го одбележите во спокој, радост и духовен мир. Нека празникот на светлината донесе светлина и радост во секој дом, во секое семејство. Ханука, како еден од празниците коишто ја симболизираат и желбата за слобода, е трајна вредност во градењето на слободно општество врз темелите на меѓусебно почитување, помагање и толеранција. Со промовирање на овие вредности допринесуваме за подобра и просперитетна иднина на Република Македонија.” се вели во честитката на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи
-
Евреите бегаат од Париз: Антисемитизмот во Франција е неподнослив (видео)
-
Иванов: Славејќи го споменот на празникот на светлината, го негувате наследството на вашите предци
-
Честитка од премиерот Димитриев по повод еврејски празник Ханука