| четврток, 6 декември 2018 |

Фројнд „полета“ низ маглата во Лилехамер до прво место на целта

severon-freund2

Во норвешкиот Лилехамер се одржа второто натпреварување од Светскиот Куп во скијачки скокови. Првото место му припадна на Германецот и главниот фаворит и оваа сезона, Зеверин Фројнд. Поради лошите временски услови и скромната видливост на скокалницата, се одржа само една серија, а Фројнд со прескокнати 94,5 мести го освои првото место. Второто и третото место им припадна на Норвежаните, Кенет Гањес и Андреас Стјернен.

По две одржани натпреварувања, во генералниот пласман води Фројнд со 160 бода, дваесет повеќе од Даниел Андре Танде од Норвешка, додека третото место го делат Гањес и Петер Превц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top