| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски упати честитка по повод еврејскиот празник Ханука

trajko veljanoski
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во пресрет на големиот празник Ханука лично и од името на пратениците, на Берта Романо – Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и на сите припадници на Еврејската заедница, им упати честитки по повод празникот.

– Слободата е најголемото постигнување на бројни народи и нации низ историјата. Големиот празникот Ханука, не потсетува дека со сила и насилството не може да се победи човечкото достоинство и желбата за слобода. Таа секогаш е посилна и остварлива, таа е светлина која не води кон сите нови предизвици, стои во честитката од Вељаноски.

Тој истакнува дека придонесот на Еврејската заедница во Република Македонија е голем и значаен за развојот на нашата држава.

– Почитување на религиските и културните посебности се наша придобивка за заеднички соживот и сигурен пат кон модерна и просперитетна Република Македонија, вели претседателот на Собранието Вељаноски по повод празникот Ханука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top