Во Франција се уште постои дилема што да се прави со телата на терористите елиминирани во неодамнешните терористички напади во Париз. Дали да го предаде на семејствата, да ги врати во земјите од кои потекнуваат или дискретно да ги погреба.
-Ако семејствата ги побараат телата, тогаш починатите имаат право да бидат погребани во местото каде живееле, местото каде починале или каде што најблиските сакаат. Доколку семејствата не сакаат да организираат пгреб, тогаш властите треба да одлучат што ќе прават со посмртните останки- вели Франсоа Мишо, службеник во погребалната служба во Париз, пренесува агенцијата АФП.
Француските власти се загрижени заради можноста гробовите на напаѓачите да станат „светилиште“. За време на нападите во Париз на 13 ноември беа убиени седум напаѓачи и бомбаш самоубиец. Досега е познат идентитетот на четворица од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.