Гласините дека Бијонсе за концертот во Белград ќе ја доведе и нејзината мала ќерќичка Блу Ајви се потврдени.
Српски дистрибутер на мебел за деца открива за весникот „Блиц“ дека пејачката порачала креветче и високо столче за хранење на деца, кои ќе ги користи за време на престојот во српскиот главен град.
Бијонсе нејзината светска турнеја „Г-ѓа Картер“ ја почнува токму во Белград со концертот на 15 април, а во Србија ќе остане неколку дена.
Токму денеска, дваесетина огромни камиони со опремата за концертот, кој во понеделник ќе се одржи во арената „Комбанк“, пристигнаа во српскиот главен град.
Според првичните информации, првата проба би требало да биде одржана вечерва или во текот на утрешниот ден, па се претпоставува дека пејачката денеска ќе пристигне во српската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница