Германскиот шампион Баерн Минхен за првпат оваа сезона го доживеа пораз и тоа дури во 15.коло од новиот шампионат во бундеслигата. Денеска на гостувањето кај Борусија Менхенглдабах доби вистинска лекција по фудбал и заслужено беше поразен со 3-1.
Првиот дел заврши без голови, а во второто полувреме Вендт во 54. минута, Штиндал во 66. минута и Џонсон во 68. минута донесоа, крајно изненадувачко, водство за Менхенгладбах од 3-0. Баерн Минхен, преку Рибери, во 81. минута единствено успеа да постигне почесен погодок.
Во останатите попладневни натпревари, Херта славеше со 2-1 против Леверкузен, а Мајнц убедливо со 1-3 славеше на гостувањето против Хамбургер.
Резултати Бунделсига: Хамбургер – Мајнц 1-3, Херта – Леверкузен 2-1, Мехенгладбах – Баерн М. 3-1, Келн – Аугсбург 0-1, Ингелштад – Хофенхајм 1-0, Волфсбург – Борусија Д. (18:30 ч)
ТАБЕЛА: Баерн М. 40 бода, Борусија Д.(-1) 32, Мехенгладбах 26, Херта 26, Волфсбург(-1) 25, Шалке 24, Мајнц 23, Ингелштад 22, Леверкузен 21, Хамбургер 21…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.