| четврток, 6 декември 2018 |

Балканците со најчисти раце во Европа

balkanci-mapaКога е хигиената во прашање Балканците се на врвот во Европа. Истражувањето за миењето раце по одењето во тоалет, спроведено од агенцијата „Галуп“ покажува дека титулата „најхигиенични Европејци“ им припадна на граѓаните на Босна и Херцеговина, каде 96 отсто од испитаниците изјавиле дека редовно ги мијат рацете со сапун по извршената нужда.

Веднаш зад Босанците се најдоа Турците и Португалците, каде раце по одењето во тоалет мијат 95 отсто од испитаниците, а зад нив се Молдавците со 94 проценти. При самиот врв на хигиеничност се и жителите на Србија, каде 83 отсто од испитаниците рекле дека ги мијат рацете по „завршената работа“.

Најниско на листата се Холанѓаните, од кои само 50 отсто изјавиле дека мијат раце по користењето на тоалетот, а пред нив се Италијанците со 57 проценти. При самото дно се најдоа и Шпанците, Французите, Русите и Летонците.

– Миењето раце придонесува за здравјето, бидејќи со него се убиваат бактериите што се собираат на дланките, изјави доктор Спајк Ли од Универзитетот во Мичиген.

Од друга страна, според Ли, истражувањата покажале дека луѓето кои имаат навика за редовно миење раце „носат помудри одлуки и помалку се оптиваруваат со минатото“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top