| четврток, 6 декември 2018 |

Грција почна да ги превезува мигрантите од граница до Атина

Грчката полиција утрово на економските мигранти им поделила летоци на неколку јазици со предупредување дека на и околу железничката пруга, каде што е импровизираниот камп на мигрантите кај Идомени, не смее да има ништо, објави „Макфакс“

Економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Алжир, Непал со автобуси се пренесувале до Атина, а од таму во земјите од каде што потекнуваат. Дел од мигрантите прифаќаат да бидат вратени назад, а дел велат дека по секоја цена ќе го продолжат патот кон земји членки на ЕУ.

Дел од медиумите јавуваат дека во граничното село Идомени, кое е на петстотини метри од границата со Македонија, се печатат фалсификувани докменти во кои пишува дека земја на потекло е Сирија а се продавале по 300 евра.

Македонија го забрани влезот за економските мигранти и се пропуштаат само беглаците од воените подрачја. Во понеделник на грчката граница се очекува да дојдат силите на ФРОНТЕКС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top