| четврток, 6 декември 2018 |

Турција изврши инвазија во Ирак, Багдад протестира

Турција испратила своја воена единица во северниот ирачки град Мосул. Активностите на Анкара предизвикаa веднаш реакција во Ирак.

130 турски војници се стационирани во кампот на браќата Нуджеифи, едниот од нив Осама Нуджеифи е потпретседател на Ирак. Официјално е потврдено дека турските војници ќе го обучуваат локалното курдско население.

Испраќањето на војниците не е дел од напорите на коалицијата предводена од САД против терористичката група „Исламска држава“, пренесоа агенциите. Повикувајќи на извор од воените кругови, Агенцијата соопшти дека „САД знаат за испраќањето на стотина турски војници во северен Ирак, но тоа не е поврзано со активностите на коалицијата предводена од САД“.

За возврат претставник на турските безбедносни сили изјавил дека меѓународната антитерористичка коалиција била предупредена за испраќање на турски војници во регионот.

Багдад протестира, САД ја одвраќаат Турција од воено учество во Сирија. Ирак побара Турција веднаш да ги повлече своите сили испратени да обучуваат вооружени ирачки групи без одобрение на Владата во Багдад, се наведува во соопштението на премиерот Хајдар ал Абад.

САД се повлекле одамна по упатениот предлог кон Турција да го зајакне учеството во воздушните напади против „Исламска држава“ во Сирија. Тоа го објавуваат извори на „Ројтерс“ од американските власти. Потегот е предизвикан за да настанат големи тензии помеѓу Москва и Анкара, откако турските воздухопловни сили го соборија рускиот авион  над границата со Сирија минатата недела.

До овој момент Турција, која е членка на НАТО, не се вклучи во воздушните напади против „Исламска држава“, иако обезбедува логистичка поддршка. Американските стратези сакаат сериозно учество на Турција и затворање на овој дел од нејзината граница со Сирија, која се смета за главен доставувач на „Исламска држава“.

Оваа недела кон американските воздушни напади се приклучи и Велика Британија, а Франција ја зголеми својата улога по крвавите напади во Париз. Министерот за одбрана на САД, Еш Картер упати повик и за поголемо турско учество.

Според Картер приоритет е царинската контрола, но од Анкара се очекуваа и повеќе воздушни напади врз позициите на исламистите. Вашингтон ги поддржуваат турските напади против Курдистанската работничка партија, бидејќи и двете страни ја сметаат организацијата за терористичка.

Според „Ројтерс“ во моментов во администрацијата на претседателот Барак Обама тече спор колку Турција треба да учествува повеќе.

Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот авион „воено злосторство“ и додаде дека Турција ја очекуваат уште санкции. Москва веќе го ограничи увозот на турски јадења, како дел од поголемиот пакет мерки. Запрени беа и преговорите за гасоводот „Турски поток“.

Русија ја спроведува сопствената воздушна кампања во Сирија, од која беше дел и соборениот авион. Таа им помага на војниците на сирискиот претседател Башар Асад. Западот и Турција инсистираат Асад да се повлече од функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top