Марко Блажевски, единствениот претставник на Македонија на Европското првенство во кратки базени што се одржува во Нетанја, Израел, го заврши својот настап со пласман на 40. место во дисциплината 100 метри мешано, што ја исплива за 56,01 секунди, во конкуренција на 53 пливачи, од кои еден беше дисквалификуван, а еден воопшто не стартуваше, пишува „Спортмедиа“.
Ова време е само три стотинки послабо од апсолутниот рекорд на Македонија, што Блажевски го постави на Светското првенство во Доха, Катар, пред една година, кога оваа патека ја исплива за 55,98 секунди.
Еден од двајцата македонски олимпијци со обезбедена норма за Игрите во Рио де Жанеиро, Бразил, наредното лето, на ова ЕП собори еден државен рекорд – во дисциплината 100 пеперутка, а беше блиску до него на 100 и 200 мешано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


