| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Илјадници граѓани тргнаа да го пречекаат Јохан

Граѓаните низ главниот град масовно се подготвуваат да го пречекаат ослободениот Јохан Тарчуловски.
Низ скопските улици се пеат песни и се веат македонски знамиња. Десетици приватни автомобили, прекриени со македонски знамиња, пред малку тргнаа кон скопскиот аеродром.

Вкупно 50 автобуси, кои ги обезбеди Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, кои бесплатно ќе ги транспортираат сите граѓани што сакаат да присуствуваат на официјалниот пречек на херојот, тргнаа од паркинг-просторот од спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Здружението обезбеди и 200 автобуси кои ќе овозможат бесплатен превоз на сите граѓани од градовите од внатрешноста на земјата до Скопје и назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top