САД подигнаa уште 16 обвиненија за 16 високи функционери на ФИФА во истрагата за корупција во Светската фудбалска федерација.
Обвинителството во САД издаде нови обвиненија само неколку часа откако претходно беа уапсени уште двајца потпретседатели на ФИФА во Цирих.
Меѓу обвинетите за примање мито е и поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Рикардо Тешеира, како и челниците на Хондурас, Гватемала, Ел Салвадор, Перу, Еквадор, Боливија…
Веќе со месеци трае акцијата на обвинителствата на САД и на Швајцарија во врска со корупцијата во ФИФА, па од мај, кога се изведени првите апсења во Цирих, до сега се подигнати вкупно 92 обвиненија. Се шпекулира дека во оваа криминална шема се „свртени“ околу 200 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.