Долниот дом на германскиот парламент со огромно мнозинство (445 од 598 пратеници гласаа „за“, а деветмина беа воздржани) одобри германско учество во воената акција против Исламската држава во Сирија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според предлогот на владата во Берлин, Германија испраќа авиони за извидување, една фрегата за поддршка на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ и максимум 1.200 војници и друг воен персонал.
Одлуката на Бундестагот доаѓа откако Франција побара поддршка за борба против ИД по нападите во Париз.
Германската армија досега обезбедуваше само техничка и логистичка поддршка за акцијата на меѓународната коалиција, која се бори против ИД.
Новата улога на Германија одобрена од парламентот не предвидува учество на земјата во нападите врз ИД, кои сега ги спроведуваат воздухопловствата на САД, Британија, Франција и Русија.
Учеството на Германија во битката против ИСИС се очекува да чини околу 120 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро