Шведскиот ас во редовите на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ би можел да биде новото суперзасилување за Челси за следната сезона. Англиските медиуми шпекулираат со името на „Ибракадабра“ дека токму Жозе Мурињо посакува да го види во своите редови како решение за слабата реализација во нападот.Тие заедно имаа одлична соработка во Интер и заедно освоија многу титули.
Договорот на Ибрахимовиќ со ПСЖ истекува на крајот од сезонава, а Швеѓанецот веќе најави дека нема да го продолжи, што го прави достапен како слободен играч. Тој веќе во јануари би можел да потпише преддоговор со својот нов клуб, а Мурињо се надева дека ќе успее да го убеди да го облече дресот на „сините“ од Лондон.
Ибрахимовиќ во неколку наврати напомена дека би можел да се пресели во американската МЛС-лига, но претходно би можел да одигра уште неколку сезони на високо ниво во Европа. Екипата на Милан сеуште сериозно се поврзува со враќањето на Швеѓанецот во нивните редови, но Челси би имал предност со оглед на тоа дека може да му понуди далеку повисока плата и секако бонус од неколку милиони за потпис на договорот.
ето ова придонесува Челси да стане сериозен ривал во трката по Швеѓанецот, кој воедно би станал и лидерот што му недостига на Мурињо во обидот да го пренесе победничкиот дух врз своите фудбалери оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.