Напаѓачот Сајед Ризван Фарук, кој во Сан Бернардино во Калифорнија уби 14 лица бил во контакт со познати екстремисти на социјалните мрежи, изјави претставник на американското разузнавање.
Американската полиција во меѓувреме соопшти дека Фарук и неговата жена Ташфин Малик имале доволно бомби и муниција за да убијат стотина лица.
Деталите за двајцата напаѓачи излегоа на виделина додека иследниците се обидувале да утврдат дали пукотниците во Сан Бернардино се терористички акт.
Во нивниот дом се пронајдени 12 рачно изработени бомби и повеќе од три илјади рамки муниција, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.