Во друштво на жена која ви се допаѓа, на мажите им расте и апетитот. Ако не верувате обратете внимание на тоа следниот пат кога ќе се најдете на вечера со некоја убавица, затоа што најверојатно ќе се прејадете. До овој заклучок дошле истражувачи од Универзитетот во Корнвел набљудувајќи 150 луѓе кои ручале во италијански ресторан, на принципот „се што можеш да изедеш“. Кога завршиле со оброкот, пополниле анкета и навеле дали се сити и како се чувствувале за време на ручекот.
Заклучокот е следен: жените јаделе иста количина на храна, без оглед со кого седела, но мажите не. Тие што биле во друштво со дама која што сакаат да ја импесионираат, јаделе 90 отсто повеќе пица и 86 отсто повеќе зеленчук, за разлика од тие што седеле со припадници од истиот пол.
Авторот на студијата Кевин Книфин вели дека мажите се прејадуваат за да се покажат. На овој начин несвесно ја сигнализираат својата билошка предност, што е парадоксално, затоа што константното консумирање на премногу храна укажува на тип кој на жените им е неатрактивен. Но, со добриот апетит мажите им порачуваат на жените дека се прилагодливи и толерантни на промени.
Сепак оние кои често одат на состаноци, истражувачите ги советуваат да бидат свесни на овој податок и да се контролираат за да избегнат да нафрлат повеќе килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.