| четврток, 6 декември 2018 |

Ново шокантно видео од ИД: Џихадистите создаваат деца убијци!

deca_1000x0

Џихадистите од Исламската држава објавија снимка на која се прикажани деца кои убиваат шест заробени припадници на сириските сили за безбедност.

На видеото се гледаат десетина деца на возраст од околу 10 години како изучуваат верски текстови и се обучуваат за борба.

Меѓу нив се издвоени неколку деца кои „испраќаат порака“ кон противниците на ИД. Децата на видеото убиваат шест припадници на безбедносните сили на Сирија кои биле заробени во 2013 година. Пет се убиени со огнено оружје, а на еден му е пресечно грлото.

Сириската опозициона Опсерваторија за човекови права претходно соопшти дека џихадистите регрутирале околу 1.100 деца од почетокот на годината и дека повеќе од 50 загинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top