Новиот објект на фабриката на австриската компанија „Текспорт“ во Виница, во која работат 130 лица, денеска го посети премиерот Никола Груевски.
Тој изрази задоволство што покрај оваа фабрика, која е изградена во индустриската зона во Виница, се градат и нови капацитети, а особено го потенцира, како што рече, сериозното намалување на невработеноста во овој град.
Во разговор со раководството на компанијата тој рече дека бил информиран дека се потешко доаѓаат до нови работници. Фабриката „Текспорт“, покрај овој нов новоизграден објект и пуштен во употреба во август годинава во Виница има и погон во Кочани, а произведува хтз опрема која е наменета за европскиот пазар, како и за пазарите во Бразил и Саудиска Арабија.
Премиерот Груевски посетата на општина Виница ја заокружи со средба со жители во село Јакимово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски






